Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Втор ден меѓународна научна конференција за примената на Законот за употреба на јазиците

Џафери: Слободата на изразување на мајчин јазик игра суштинска улога во заштитата на сите други права
300x250 opst2

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Во Скопје денеска продолжува тридневната меѓународна научна конференција „Многујазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците“ со која се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

На конференцијата што ја организира Агенцијата за примена на јазикот, ќе учествуваат експерти за јазикот и политиките од земјава и од странство. Тие ќе ги пренесат нивните искуства и практиките на решавањето на јазичните прашања во нивните земји.

Гостите од Италија, како што соопштија организаторите, ќе ги елаборираат нивните искуства за тоа како ја
третираат многујазичноста во Јужен Тирол, а научниците од земјава ќе презентираат научни трудови за примена на јазичните политики, градење доверба и разбирање меѓу заедниците во Северна Македонија.

Организаторите најавија обраќање на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Бујар Османи, како и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ