Утрински Весник
Македонија

Втората трансплантација на коскено ткиво извршена кај 40-годишна штипјанка

Втората трансплантација на коскено ткиво извршена кај 40-годишна штипјанка

На Клиниката ТОАРИЛУЦ, денеска е направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот преку својот фејсбук-профил објави дека станува збор за сложена операција кај 40-годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска, а поради незараснување на скршеницата имала потреба од трансплатација на коскено ткиво.

Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеца беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските.

Филипче искажа благодароност до семејството на донорот за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата, а на пациентката и посака брзо опоравување.

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево