Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Врсаљко и Кореа се позитивни, другите фудбалери на Атлетико ќе патуваат

Врсаљко и Кореа се позитивни, другите фудбалери на Атлетико ќе патуваат
Img 7972

Атлетико Мадрид потврдија дека нивните играчи од првиот тим, Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се позитивни на корона вирус, но дека тестирањето покажале дека другите членови на тимот се негативни и ќе патуваат во Лисабон за завршницата на Лигата на шампионите.

Како резултат на овие позитивни резултати, биле направени тестови на целиот прв тим на Атлетико, но и на членовите кои требале да патуваат во Португалија и тие кои биле во близок контакт со фудбалерите.

„Првиот тим и членовите на тренерскиот тим беа на нови тестови во неделата, и нивните резултати се негативни“, објави клубот.

Според протоколот на УЕФА, доколку клубот има 13 достапни фудбалери од А-листата, мечот ќе се оддржи, што значи дека дуелот со РБ Лајпциг во четврток останува на програмата. Атле потврдија дека 21 членови на тимот, вклучувајќи ги фудбалерите од академијата на клубот, Алекс Дос Сантос, Ману Санчез, Рикелме и Тони Моја ќе патуваат во Португалија.

Двајцата позитивни на КОВИД-19 од Атлетико Мадрид се фудбалери!

> Врсаљко и Кореа се позитивни, другите фудбалери на Атлетико ќе патуваат <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер