Утрински Весник
Македонија

Времето денеска сончево и студено

Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Поради ниските температури има опасност од појава на голомразица. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

Можете да прочитате

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски

Расправија во сообраќајот завршила со тепачка меѓу жени во Ѓорче Петров