Утрински Весник
Свет

Вработен во кафетерија во Белата куќа е позитивен на коронавирус

Вработен во кафетерија во Белата куќа е позитивен на коронавирус

Официјални лица на американската администрација беа предупредувани дека вработен во кафетеријата во Белата куќа е тестиран позитивно на коронавирусот, пренесува Си-Ен-Ен.

Како што е наведено, кафетеријата е привремено затворена, а во е-пошта испратена до вработените се наведува дека ризикот од пренесување на вирусот е мал, заради мерките на претпазливост што биле применети, односно носењето ракавици и маски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп сака да го зголеми воениот буџет за 500 милијарди долари, скратува сè друго

Орбан отиде на границата со Србија да го провери гасоводот

Руска армија: За три часа соборивме 148 украински дронови