Утрински Весник
Македонија

Шестгодишно дете паднало од трактор и починало

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Шестгодишно дете паднало од трактор и починало.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечерта во село Дебреште, прилепско.

Додека А.А.(27) управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.

Увид извршила полициска во присуство на јавен обвинител.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил

Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички