Утрински Весник
Свет

Во Џорџија убиена касиерка поради расправија за маска за лице

Во Џорџија убиена касиерка  поради расправија за маска за лице

Маж кој купувал во супермаркет во американската држава Џорџија застрелал и убил касиерка која го услужувала поради расправија за маска за лице, потоа го ранил и заменик-шерифот кој работел во таа продавница надвор од службата, објавија локалните власти.

Виктор Ли Такер (30) пукал во касиерката на супермаркетот со пиштол, а потоа пукал и во заменик-шерифот кој бил надвор од должноста. Во пукотниците и двајцата биле повредени, се вели во соопштението на полицијата во Џорџија, пренесува Ројтерс.

Такер и ранетиот заменик се во стабилна состојба, а касиерката која била погодена од куршум им подлегнала на повредите на самото место.

Не се дадени детали за спорот меѓу Такер и касиерката, а полицијата изјави дека го уапсила ранетиот напаѓач додека тој се обидувал да се провлече низ влезната врата на супермаркетот.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд