Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Шпанија измерени рекордни 47,4 степени

Во Шпанија измерени рекордни 47,4 степени
Img 7972

Топлотниот бран што ја погоди Шпанија во саботата резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени Целзиусови измерени во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, објави државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

„Ова е највисоката температура досега регистрирана во Шпанија“, рече портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека ова се привремени податоци, кои ќе бидат потврдени следната недела.

Температурата забележана во саботата во 17 часот по локално време е повисока од претходниот рекорд забележан на истото место на 13 јули 2017 година.

Набргу потоа, 46,9 степени беа регистрирани на аеродромот во Кордоба.

Можете да прочитате

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата