Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Чешка речиси 8.000 новозаболени од коронавирус

Во Чешка речиси 8.000 новозаболени од коронавирус
Img 7972

Во последните 24 часа во Чешка се потврдени 7.874 нови случаи на коронавирус, соопшти чешкото Министерство за здравство.

Како што е наведено, тој број е за 5.358 помал отколку истиот ден минатата недела, пренесува „Ројтерс“.

Во истиот период починале 185 лица, со што вкупниот број на починати достигна 5.755 лица.

Од почетокот на пандемијата во Чешка, 446.675 лица се заразени со коронавирус, а според бројот на случаи по глава на жител, Чешка има најголем број во Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари