Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора 105 новозаразени, три лица починале

Црна Гора повторно прогласи епидемија на целата територија

Во последните 24 часа, откриени се уште 105 случаи на коронавирус во Црна Гора, додека три лица починаа.

Од средината на јуни, 83 лица починале од коронавирус во Црна Гора, а 92 од почетокот на годината.Има вкупно 840 активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора. Од почетокот на годината регистрирани се 4.663 случаи на инфекција со новиот вирус.

Во Црна Гора, сè уште е задолжително носењето маски на отворено и во затворено и држењето на дистанца, но овие мерки генерално не се почитуваат. Исто така е забрането да се соберат повеќе од 100 луѓе на отворено и повеќе од 50 лица во затворено.

Последните денови, и покрај мерките, илјадници луѓе одат на литии во неколку градови заради Законот за слобода на религија.

Црна Гора ја отвори границата за граѓаните од регионот кои влегуваат под одредени услови, а засега нема информации дека некој од туристите бил заразен додека престојувал во Црна Гора.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОПЕК+ го зголемува производството на нафта поради конфликтот на Блискиот Исток

Убиени тројца американски војници во нападот врз Иран

Експлозии во Абу Даби по иранскиот ракетен бран