Утрински Весник
Свет

Унгарија од 1 септември ги затвора границите за странците

Унгарија од 1 септември ги затвора границите за странците

Унгарија ги затвора своите граници за странците на 1 септември, а Унгарците кои се враќаат од странство ќе треба да одат за самоизолација, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Унгарците ќе можат да излезат од 14-дневната самоизолација само ако имаат два негативни теста на Ковид-19, рече Гергели Гулиас.

Исклучоци од ваквата забрана ќе има само за преминувањето на воени конвои, хуманитарни работници и деловни и дипломатски патувања.

„Бројот на инфекции е зголемен и повеќето доаѓаат од странство“, рече Гулиас на прес-конференција.

Тој вели дека ограничувањата се потребни поради почетокот на учебната година следната недела и да се заштитат луѓето и економијата.

Унгарија во петокот пријави 132 нови инфекции, што е највисок дневен рекорд од самиот врв на пандемијата. Земјата бележи вкупно 5.511 заразени и 614 мртви. Унгарија започна да ги ублажува ограничувањата во јуни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп