Утрински Весник
Македонија

Во хотелот „Молика“ сместени уште 26 лица во државен карантин, капацитетот исполнет

ЕСМ: Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Во хотелот „Молика“ на Пелистер синоќа пристигнала уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин.

Од АД ЕСМ, кој стопанисува во овој хотел, денеска информираа дека се работи за лица кои пристигнале со лет од Германија и оти лицата се од различни градови.

Во „Молика“ престојуваат 99 граѓани со што капацитетот на хотелот е исполнет.

– Сите активности течат според пропишаниот протокол, велат од АД ЕСМ. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска до Алиу: Зошто се кратат пари за пациентите со ретки болести 

Учество на министерот Муцунски на состанок за Коридор 8, Тирана, Албанија

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија