Утрински Весник
Магазин

Во Ханој веќе нудат „коронабургер“

Во Ханој веќе нудат „коронабургер“

Ханој, 26 март 2020 (/) – Во време на корона-криза, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да го подигне духот кај луѓето со новиот… „Корона-бургер”.

– Има една шега – ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги бодриме луѓето во време на пандемијата, вели шеф Хоанг Тунг, сопственик на пицаријата што се наоѓа во центарот на Ханој.

Хамбургерот се служи со лисја од зелен чај, при што лепчето е во облик на вирус. Ресторанот продава околу 50 „Корона-бургери” на ден. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Џон Бон Џови најави крај на пеењето на концерти

(ВИДЕО) Тринаесетгодишник го собори Гинисовиот рекорд за најбрзо собирање на 50 петцифрени броеви

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис