Утрински Весник
Свет

Во Хаити прогласена состојба на опсада по убиството на претседателот на државата

Во Хаити прогласена состојба на опсада по убиството на претседателот на државата

Вршителот на должноста премиер на Хаити, Клод Џозеф, денеска прогласи состојба на опсада во земјата, по убиството на претседателот Жовенел Моиз.

Џозеф рече дека не сака нацијата да „падне во хаос“ по убиството на претседателот, пренесува Си-Ен-Ен. Тој додаде дека одлуката за прогласување состојба на опсада е донесена на вонредна седница на Советот на министри.

Според законот на Хаити, постојат три нивоа на вонредна состојба – вонредната состојба е најниско, проследено со состојба на опсада, а највисоко ниво е „воена состојба“.

Опасната ситуација значи дека сите граници се затворени, како и дека привремено се воведува воена состојба, а хаитската армија и националната полиција на Хаити имаат овластување да го спроведуваат законот.

Џозеф ги повика граѓаните да бидат спокојни и вети дека ќе ги казни оние кои се вклучени во атентатот врз претседателот.

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен од неидентификувани напаѓачи во неговата резиденција во текот на ноќта со нехуман и варварски чин, истакна привремениот премиер Џозеф.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина