Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Франција 140.000 луѓе протестираа против ковид-сертификатите

Во Франција 140.000 луѓе протестираа против ковид-сертификатите
Img 7972

Околу 140.000 луѓе, од кои 18.000 во Париз, протестираа вчера, осми викенд по ред, против здравствените сертификати, но со помала излезност, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Во министерството беа пријавени 215 собири, од кои пет во Париз.

Одговорот на протестите ослабна во последните недели. Речиси 160.000 демонстранти учествуваа минатиот викенд; пред две недели околу 175.000 и пред три недели речиси 215.000, покажуваат податоците на министерството.

„Ги бојкотираме здравствените сертификати (…) ќе воведеме трета доза бојкот. На крајот, здравствениот сертификат ќе падне“, рече Флоријан Филипот, претседател на Патриотското движење.

Властите во средата почнаа кампања за трета доза за вакцинација против Ковид-19 што треба да се спроведе кај постари лица и луѓе со здравствени проблеми.

Истражувањето на ‘Odox Backbone Consulting’, објавено во четвртокот во весникот „Ле Фигаро“, покажува дека 67 проценти од Французите ја одобруваат здравствената потврда за која претседателот Емануел Макрон рече дека може да продолжи и по 15 ноември.

Франција, која има околу 67 милиони жители, многу скоро ќе ја надмине границата од 50 милиони луѓе кои примиле барем една доза од вакцината. Покрај тоа, околу 45 милиони луѓе – или 67,3 проценти од вкупното население се целосно вакцинирани.

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа