Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во близина на претседателската палата во Гвинеја

(Видео) Пукање во близина на претседателската палата во Гвинеја

Силно пукање одекна во близина на претседателската палата во центарот на главниот град на Гвинеја, Конакри.

На улиците патролираат оклопни возила и камиони со војници.

Засега не е јасно кој стои зад пукањето, а властите во западноафриканската земја не го коментираат настанот. Округот Калум е речиси целосно празен, преплашените жители останаа во своите домови откако армијата им нареди да го сторат тоа.

Висок владин претставник за Ројтерс изјави дека претседателот Алфа Конде не е повреден, но не даде повеќе детали.

Единствениот мост што го поврзува копното со полуостровот Калум, во кој се сместени повеќето министерства и претседателската палата, беше затворен, а многу војници, од кои некои беа вооружени, беа распоредени околу палатата, изјави воен извор за Ројтерс.

Постојат непотврдени информации дека загинале тројца војници.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат колони оклопни возила и камиони со војници кои патролираат по улиците.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори