Утрински Весник
Свет

Во Унгарија пристигнаа 100.000 дози вакцина „спутник В“

Во Унгарија пристигнаа 100.000 дози вакцина „спутник В“

100.000 дози на руската вакцина против коронавирус, „спутник В“, пристигнаа во Унгарија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто.

Вакцината е однесена во Националниот центар за јавно здравје доцна синоќа, изјави Сијарто на „Фејсбук“, истакнувајќи дека владата ја одобри нивната дистрибуција, пренесе МТИ.

„Брзината е неопходна … како што напредува вакцинацијата, ќе се спасат 100-150 животи за еден ден“, рече Сијарто.

Според него, вакцинацијата ќе спречи зараза на околу 2.000 лица, како и загуба на унгарската економија од 10  до 15 милијарди форинти (27,8 – 41,8 милиони евра).

„Работиме да обезбедиме сите одобрени вакцини да пристигнат во Унгарија што е можно побрзо“, рече Сијарто.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп