Утрински Весник
Македонија

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт.

Бубрег ќе добијат двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа.

Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

Министерството за здравство упати благодарност до тимовите кои се вклучени во оперативните зафати и до семејството на починатата донорка.

Следната трансплантација ќе биде на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија.

Во изминатата една година во земајва се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрази. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ќе се залагам за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме

Утрински Весник

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство