Утрински Весник
Македонија

Во Струмица уапсени двајца дилери од Штип

Во Струмица уапсени двајца дилери од Штип

Полицајци во Струмица, во попладневните часови на 1 јуни уапсиле двајца жители на Штип В.Љ. (37) и З.Ч. (34).

Како што информираат од МВР, при преглед во автомобил „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управуван од В.Љ., каде сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашеста материја.

Двајцата штипјани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги