Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата во клиничкиот во Србија и оној на Заев и Филипче е во 400 милиони евра кои тие ќе ги стават во џеб

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев сакаат со студија од 35 страни да потрошат над пола милијарда евра за Клинички центар
Ss2

Најкорумпираната Влада во Европа предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче сакаат да направат нов криминал сега со наводна градба на нов клинички центар, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ И тој клинички центар би чинел повеќе од половина милијарда евра или Заев и Филипче планираат нова народна пљачка.

300x250 (7)

За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума во вредност од 125 милиони евра. А, според карактеристиките станува збор за ист клинички центар. Разликата е во тоа што тој се прави за четири пати помала сума и со детален проект, а Македонија ист таков би чинел четири пати повеќе или повеќе од половина милијарда евра и со физибилити студија од само 30 страни“ се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека според физибилити студијата спроведена од Заев, Филипче и екипата, во цената од половина милијарда евра за новиот клинички центар не се вклучени изградбата на пристапните патишта, снабдувањето со струја, довод и одвод на вода, канализација како и телекомуникациската мрежа.

„ Значи пљачката овде во Македонија ќе биде уште поголема. Во Србија наскоро или во септември, октомври ќе има нов клинички со 1.000 болнички кревети, работен врз основа на детален проект и кој ќе чини 125 милиони евра. Во Македонија има само физибилити студија oд 30 страни која е параван за уште една пљачка на Заев и Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка!

Четири години власт на Заев. Четири години украден живот. Доста е!“ порачаа од опозициската партија.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт