Утрински Весник
Свет

Во Србија 1.863 новозаразени од коронавирус, 14 починати

Во Србија 1.863 новозаразени од коронавирус, 14 починати

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.863 нови случаи на коронавирус, а 14 лица починале.

Според податоците на Министерството за здравство, од последниот пресек се тестирани 12.047 примероци. На апарати за дишење се приклучени 138 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија 400.837 лица се разболеле од Ковид-19, а починале 4.071.

Досега во Србија на коронавирус се тестирани вкупно 2.652.095 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик