Утрински Весник
Свет

Во Србија над 100 новозаболени со Ковид-19, починале двајца

Во Србија над 100 новозаболени со Ковид-19, починале двајца

Во Србија регистрирани нови 110 заболени со Ковид-19, додека две лица починаа како резултат на оваа болест.

Во земјата досега биле тестирани вкупно 4.460.114 граѓани, а во последните 24 часа биле тестирани 9.372.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор има 12 лица, додека 283 пациенти се во болница.

Од 110 нови случаи, кои беа потврдени во Србија во изминатите 24 часа, најмногу се регистрирани во Белград – 26, а двоцифрен број на нови случаи е забележан и во Врање, Чачак и Паражин.

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади