Утрински Весник
Македонија

Во согласност со мерките за заштита од корона вирусот, прекин во работењето на жичницата и бесплатните автобуски линии

Во согласност со мерките за заштита од корона вирусот, прекин во работењето на жичницата и бесплатните автобуски линии
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот, од денеска жичницата на Водно и бесплатните автобуски линии до Средно Водно, се во прекин.

– Жичницата на Водно нема да работи. Нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник. Поради воведените мерки и препораки за заштита од корона вирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник, соопштија од Град Скопје.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви