Утрински Весник
Македонија

Во Дебар дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Во Дебар дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Дебар,13 март 2020 (МИА) – Во рамки на договорените мерки од страна на Оперативниот штаб, Јавното комунално претпрјате „Стандрад“ во Дебар врши дезинфекција на јавните површини и кантите за отпад.

-Се врши дезинфекција на сите јавни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот. Се изврши дезнфекција и на спортските игралишта и терени, како и на паркот во населбата Венец каде има детски реквизити. Редовно се подига и отпадот. Апелираме до граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат во определените места за тоа, изјави раководителот на Секторот за комунална хигиена, Омер Цами.

Цами, кој е дел и од Оператвниот штаб, додаде дека од понеделникот е почнато со генерално миење и чистење на заостанатиот отпад по улиците и тротоарите во централното градско подрачје.

-Вообичаено со годишната програма за одржување на јавната хигиена со генерално чистење почнуваме на почетокот на април, но поради создадената ситуација и фактот што временските услови дозволуваат, почнавме порано. Ќе продолжиме со чистење и на регионалниот пат кој води до граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, нагласи Цами.

Синоќа беше дезинфицирана населбата „Коњаре“ од каде што се петте лица заразени од коронавирусот, а со дезинфекција ќе се продолжи и во другите населби.

-Оваа активност се реализира благодарение на Територијалната противпожарна единица, Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување и онаа на Центарот за јавно здравје, кои ги обезбедија потребните средства и заштитната и друга опрема, истакна градочалникот Хекуран Дука.

Сопствениците на 20-на кафулиња во градот самоиницијатвно ја прекинаа работата, а останатите работат до 18:00 часот, но, како што велат, поради слабата посетеност можно е и тие да стават клуч на објектите. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка