Утрински Весник
Свет

Во Словенија 1.609 новозаразени, 48 починати и рекорден број хоспитализирани

Во Словенија 24 нови случаи на коронавирус, двајца починати

Во Словенија, во последните 24 часа се регистрирани 1.609 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починаа. Исто така, евидентиран е рекорден број хоспитализирани пациенти.

Тестирани се 6.587 лица, што значи дека стапката на позитивност е 24,4 проценти, пренесува СТА.

Хоспитализирани се 1.324 пациенти, а бројот на оние кои се на интензивна нега е 206. Во исто време, 98 лица се отпуштени од болници.

Од почетокот на пандемијата, 72.662 лица биле заразени, а 1.293 пациенти починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември