Утрински Весник
Македонија

Во Скопје казнети 136 возачи, 32 за брзо возење

Во Скопје казнети 136 возачи, 32 за брзо возење

По засилените акциски контроли, вчера, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 136 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, две за возење под дејство на алкохол.

Изречени биле и 12 мерки за користење мобилен телефон, две за нерегистрирани возила, четири за непрописно престигнување.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од полиција, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да ги победиме СДСМ на избори

МВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце

Расчистени две кривични дела „измама“, лажни евра, накит и златници пронајдени при претрес во Велес