Утрински Весник
Македонија

Во Скопје во првата половина на 2022 година приведени се 210 криминалци

Во првите шест месеци од 2022 година од страна на oрганизационите единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим – Потраги се преземаа низа мерки и активности при што редовно се прибираа сознанија за лица кои се предмет на потраги по Наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др. Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор, лица под истрага и со определена мерка притвор, лица оддалечени или лица кои изгебагале од казнено-поправни установи, при што се лишени 210 лица осудени на вкупна казна затвор од 322 години и 9 месеци, а за доиздржување уште 228 години и 4 месеци, информираат од МВР.

Од страна на СВР Скопје изготвен е План за оперативна акција „Кафез“, во кој е вклучен Оперативен тим – Потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ – КПД на територија на Република Северна Македонија и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ.

Од страна на Оперативниот тим – Потраги лишени се 72 лица за издржување на вкупна казна затвор од 178 години и 7 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 129 години и 5 месеци затвор. Споредбено со податоците од првите шест месеци од 2021 година ефикасноста е зголемена за 101%.

Од страна на останатите организационите единици во рамки на СВР Скопје се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица, при што лишени се 138 лица за издржување на вкупна казна затвор од 144 години и 2 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 98 години и 11 месеци, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор