Утрински Весник
Македонија

Во Свети Николе нема заболено лице од коронавирус

Во Свети Николе во самоизолација 21 лице
Dik 300x250 mk

Свети Николе, 19 мај 2020 (МИА) – Во денешниот здравствен билтен за новозарезени пациенти со коронавирус се нотира и случај од Свети Николе, но попладнево од Општинскиот кризен штаб информираат дека Свети Николе и понатаму успешно се справува со ширењето на вирусот, а денешниов случај е од соседната помала Општина Лозово.

-Се известуваат граѓаните на Општина Свети Николе дека согласно последните информации за заболено лице од Ковид-19, каде се споменува лице дека е заболено од Свети Николе, ве информираме дека се работи за лице од Општина Лозово, за кое е издадено решение за самоизолација. Со ова во Општина Свети Николе се уште нема заболени лица од коронавирусот, се вели во писменото соопштение од градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој апелира до жителите на неговата општина да се придржуваат и понатаму на мерките и препораките на Владата, како и на Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб. вдј/цр

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче