Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во сабота на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган

Во сабота на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган
Img 7972

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај кога се празнува Велика Сабота, во нашата држава во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениуми се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.

По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата. Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје.

Од комисијата потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

Можете да прочитате

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“