Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп спасена стара жена од пожар

Во Прилеп спасена стара жена од пожар

Прилеп, 14 март 2020 (МИА) – Седумдесет и шестгодишна жена е спасена од пожарот што избувнал во нејзината куќа околу 16 часот на улицата „Ристо Василески“ број 10 во Прилеп.

Од куќата ја изнела нејзината сосетка кога видела густ чад од приземјето.

-Од соседната куќа ме викнаа дека има пожар и чад. Се стрчав и ја извадов жената надвор. Внатре се беше обвиено со чад. Не знам што се случило. Жената која има склероза само викаше дека телевизорот ќе и се запали. Се јавивме во противпожарната единица, тие веднаш дојдоа како и Итната помош, вели сосетката Катерина Гегоска.

Противпожарната единица веднаш реагирала. Пожарот за брзо е изгаснат кој, според првичните сознанија, избувнал во приземјето. ем/дма/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заложници на криминалот, затоа молчеа на седницата за пратенички прашања а на Груби името не му го спомнаа

Ни следува стабилен, сув и сончев викенд, наутро со појава на магла

Возел со над два промила алкохол, полицијата му го одзеде возилото