Утрински Весник
Македонија

Во пожарот во ковид – болницата во Тетово загинале и роднини на пациенти

Во пожарот во ковид – болницата во Тетово загинале и роднини на пациенти

Во пожарот во ковид – болницата во Тетово загинале и роднини на двајца пациенти, односно сопруга на пациент и ќерка на пациентка кои не биле хоспитализирани.

Од Јавното обвинителство наведуваат дека причината за нивното присуство во моментот на несреќата, односно дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини, се истражува.

По налог на Обвинителството извршена е обдукција и на пациентка која починала од коронавирус и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на пациентката било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на Обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот.

Обвинителството, исто така, презеде мерки за обезбедување на видео-снимки од ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, од и околу болницата, околните деловни објекти, станбени згради, куќи, како и обезбедување на целокупниот видео-материјал објавен, како од индивидуални поединци, така и од социјалните мрежи. Снимките се вештачат по издадени наредби од Обвинителството и се очекува извештаите од нивната анализа да помогнат во расчистување на настанот.

Причините за пожарот и понатаму се утврдуваат. Во таа насока донесена е наредба за ангажирање на вешто лице од областа на електротехниката, кој беше присутен и на самото место во опожарениот објект и чија експертиза ќе одговори на прашањата за причинско-последичната врска за настанување на пожарот.

Сослушани се дел од сведоците од местото на настанот, дел од лекарскиот персонал кој бил присутен во модуларната болница ноќта кога е избувнал пожарот. Во меѓувреме, сослушани се и се сослушуваат и останатите лица кои можат да дадат потребни известувања во врска со настанатиот пожар.

Обвинителството издаде наредба на СВР-Тетово за одземање на целокупната документација во врска со изградбата на модуларната болница, од самата болница, а исто така и од правното лице – изведувачот на изградбата.

Во пожарот што се случи завчера загинаа 14 лица.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар