Утрински Весник
Македонија

Во пожарите изгореле 442.074 метри кубни дрвна

Во пожарите изгореле 442.074 метри кубни дрвна

Од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, соопшти Владата по денешната седница на којашто бешеб разгледан Извештајот за штетите од пожарите.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи  Јавното претпријатие Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.

Дополнително, целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

 

Можете да прочитате

Започна втората фаза од автопатот Скопје – Блаце: 10,5 километри ќе се градат четири години

Тошковски: 310 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште

Груевски на слободата, ВМРО-ДПМНЕ со чисти документи за белата палата, Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Талир 2