Утрински Весник
Македонија

Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Берово, 25 мај 2020 (МИА) – Добра вест за беровчани и пехчевци. Два од трите позитивни случаи на вирусот Ковид-19, денес се регистрирани како оздравени пациенти, со што на крајниот Исток во моментот има само еден позитивен случај на коронавирус. Како што информираа од Здравствениот дом во Пехчево, пациентот е во стабилна состојба и се очекува и тој наскоро да влезе во статистиката на оздравени пациенти.

-Денеска имаме добра вест да споделиме со граѓаните на Пехчево и да соопштиме дека еден од пациентите кој пред 14-тина дена брше регистриран како позитивен на вирусот е оздравен. Станува збор за пациент кој претходно со својата пожртвуваност активно се вклучи во поддршката за спречување на заразата во нашата општина, информираат од Здравствениот дом во Пехчево.
Од таму се надеваат дека наскоро и последниот случај кој е позитивен на вирусот ќе влезе во статистиката на оздравени пациенти, со што во Пехчево, повеќе нема да има граѓани кои се позитивни на Ковид-19.
Во меѓувреме, како што соопштија од Министерството за здравство оздраве и пациентката од беровското село Владимирово, која беше прв и единствен позитивен случај на коронавирус во Берово.
Според најновите податоци во моментот во четирите општини кои потпаѓаат под Пијанечко-малешевскиот регион, Берово, Делчево, М.Каменица и Пехчево има само 1 активен случај на коронавирус, додека од четирите случаи на вирусот од почетокот на пандемијата, во овие општини само 1 пациент од Делчево е единствениот кој според Министерството за здравство почина од коронавирус. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата