Утрински Весник
Свет

Во нападите со ножеви во Бирмингем почина едно лице, седуммина се повредени

Во нападите со ножеви во Бирмингем почина едно лице, седуммина се повредени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице почина, а седум се повредени, од кои двајца потешко, во напади со нож извршени рано утрово во англискиот град Бирмингем, соопшти полицијата на „Твитер“.

Отворена е истрага за убиство.

Полицијата соопшти дека нападите се случиле по полноќ од 00:30 до 2:20 часот и биле поврзани.

На повредите им подлегнал маж, а тешко се повредени маж и жена.

„Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани за напад со нож во центарот на Бирмингем“, соопшти полицијата на „Твитер“.

„Одговоривме веднаш заедно со службата за брза помош. Набрзо потоа беа пријавени уште неколку напади со нож во областа“.

Нема информации ниту за позадината на овие напади, ниту за идентитетот на сторителите.

Полицијата ги повика граѓаните да бидат смирени и внимателни и да се држат настрана од областа на нападот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година