Утрински Весник
Свет

Во Мексико рекорден број нови случаи, во Бразил 45.000 новозаразени

Мексико стана трета земја во светот по бројот на починати од коронавирус
300x250 (7)

Бразил регистрираше повеќе од 45.000 нови случаи со коронавирус во изминатите 24 часа, а Мексико повеќе од 9.000, што е најмногу досега.

Министерството за здравство на Бразил соопшти дека во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 45.392 нови случаи на коронавирус, а имало и 1.088 смртни случаи.

Ss1

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 2,7 милиони луѓе се заразени со коронавирус во Бразил, додека официјалниот број на жртви се искачи на 93.563, според податоците на министерството.

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 9.556 новозаразени и во земјата веќе има вкупно 434.119 случаи.

Починаа 784 лица, а вкупната бројка на смртни случаи изнесува 47.472.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Борел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“