Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 617 нови случаи на коронавирус, 32 лица починаа

Во Македонија 617 нови случаи на коронавирус, 32 лица починаа
Ss2

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 617 нови случаи на коронавирус, 32 лица починаа, а 450 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш – по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2, Дебар и Демир Хисар – по 1.

Ss1

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти.

Пријавени се 32 починати лица: 10 починати лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г).

Од пријавените 32 лица, 29 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.234.221 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски ги негира гласините од опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори

Сиљановска – Давкова: Крушевчани имаат на што да бидат горди! 

Петровска објави скандал: ВМРО-ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статутот на партијата