Утрински Весник
Свет

Во Лондон два инцидента на воената парада во чест на кралицата

Најмалку две лица предизвикале инциденти денеска на воената парада во Лондон, по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, трчајќи пред војниците кои марширале пред да бидат уапсени, покажуваат телевизиски снимки, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета (96) им се заблагодари на сите што ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платинест јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години на британскиот престол.

Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат на прославата на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било нејзин претходник, објави британската влада.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори