Утрински Весник
Свет

Во крвава рација во Рио де Жанеиро убиени осум луѓе

Во крвава рација во Рио де Жанеиро убиени осум луѓе

Осум луѓе се убиени во полициска акција чија цел била потрага по дилерот на дрога Чико Бенто во Јакарежиње, предградие на Рио де Жанеиро, јавува Одиа.

Меѓу целите на рацијата биле членови на група за кражба на товар што оперира во регионот. Засега е уапсен еден маж, но не се знае дали по него се трагало.

Властите соопштија дека полицијата акцијата ја извршила околу 6 часот по локално време. Имало пукање, а осуммина осомничени биле убиени. Запленети се седум пушки, четири пиштоли, 14 гранати, кокаин, марихуана и украден товар.

Во мај минатата година полицијата уби 29 лица во акција во Јакарежиње. Таа контроверзна акција стана најсмртоносната на долгата листа на крвави походи на бразилските безбедносни сили.

Можете да прочитате

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите