Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје примени 43 нови пациенти, се лекуваат вкупно 497 лица

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, четворица пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Очната клиника и двајца на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени двајца нови болни. Во ковид-центарот во болницата 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 14 болни“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Од речиси вкупно 500 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во болницата 8 Септември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!