Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во ковид – центрите во Скопје примени 36 нови пациенти, вкупно се лекуваaт 306 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент
Dik 300x250 mk

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 306 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 122 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од МЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Атанасов: Мој приоритет се човечноста и вистинската грижа за сите граѓани на Гевгелија

Пецаков вели дека случајно се сретнал и седнал со Црвенковски

(Видео) Хакери ја бутнаа веб-страницата на скопската Автобуска станица и се закануваат кон македонските власти