Утрински Весник
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен на Клиниката за Дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица, соопшти Министерството за здравство.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.

Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!