Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во главниот град се лекуваат 260 пациенти

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден“, стои во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Од вкупно 260 пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Здравствените власти посочуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”