Утрински Весник
Свет

Во карантин повеќе од 27 милиони луѓе во Манила

Во карантин повеќе од 27 милиони луѓе во Манила

Повеќе од 27 милиони луѓе во и околу Манила повторно се ставени во карантин по воведувањето нови рестриктивни мерки поради коронавирусот на Филипините.

Мерките стапија во сила откако бројот на заразени лица во земјата надмина 100.000, а медицинските здруженија го повикаа претседателот Родриго Дутерте да преземе нешто во врска со тоа.

„Нашите здравствени работници не треба да го сносат товарот да одлучат кој ќе живее и кој ќе умре“, наведоа лекарите во отвореното писмо, предупредувајќи дека здравствениот систем е преоптоварен.

Две големи државни болници во Манила се привремено затворени поради инфекција кај здравствените работници, додека некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостаток на простор, пренесува „Гардијан“.

Во последниве денови, епидемијата на коронавирус на Филипините се шири брзо и веќе се регистрирани 106.330 случаи. Починаа над 2.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе им платам на сите возрасни Американци по 5.000 долари

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети „Антем“ во Германија

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да се распадне