Утрински Весник
Македонија

Во казино во Куманово играл со фалсификувани евра

Во казино во Куманово играл со фалсификувани евра

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Р. од селото Оровник, општина Дебарца, поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Како што информираат од МВР, пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 31 октомври минатата година ја пуштил во оптек како вистинска во казино во Куманово, разменувајќи ја кај вработената на каса во денари.

Откако вработената се посомневала дека банкнотата не е вистинска ја проверила во најблиската менувачница каде ѝ било потврдено нејзиното сомневање.

Можете да прочитате

Кузеска: Контактите на Мицкоски со обвинители се спротивни на Етичкиот кодекс

Кузеска: Не сум подготвена моите деца да ја плаќаат цената на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Немаме проблем правосудниот испит да се полага на албански