Утрински Весник
Свет

Во Италија уапсен алжирец за помагање во терористичките напади во Париз

Во Италија уапсен алжирец за помагање во терористичките напади во Париз

Алжирец е уапсен во италијанскиот град Бари под сомнение дека е член на т.н. Исламска држава и им помагал на извршителите на координираните напади во Париз во 2015 година во кои беа убиени 130 лица, соопшти италијанската полиција.

36-годишниот маж е осомничен за набавување фалсификувани документи од вооружени напаѓачи кои ја нападнаа концертната сала Батаклан во Париз и блиските ресторани и стадионот „Стад де Франс“.

Нападот во Париз, во кои беа ранети стотици луѓе, беше оквалификуван како најсмртоносниот напад во Франција од Втората светска војна.

Подоцна полицијата треба да даде повеќе детали за апсењето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протестите на Чесите ја принудија владата на Андреј Бабиш да се откаже од назначувањето на контроверзниот инфлуенсер Филип Турек за министер

Песков: Тема на преговорите за Украина во Женева ќе бидат и териториите

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарна соработка