Утрински Весник
Свет

Во Иран на секои седум минути од коронавирус умира по едно лице

Во Иран на секои седум минути од коронавирус умира по едно лице

Иран во последните 24 часа забележа 212 починати од коронавирус, а вкупниот број на починати е 17.617, јавува „Си-ен-ен“.

Покрај тоа, дополнителни 2.751 лице се заразени и вкупниот број сега е 314.786, рече Сима Садат Лари, портпарол на иранското Министерство за здравство. Тој додаде дека 1.560 луѓе се во болница.

Иран е најпогодената земја на Блискиот Исток, а според универзитетот „Џон Хопкинс“, на секои седум минути во Иран умира по едно лице.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран со рекорден број погубувања: 48 жени егзекутирани за една година

Сите училишта во Иран се префрлаат на целосно онлајн настава

Премиерот на Гренланд: Мора да бидеме подготвени за инвазија, имајте залихи од храна, вода…