Утрински Весник
Свет

Во Индија 92.605 нови случаи на коронавирус

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија регистрира 92.605 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа и за неколку недели се очекува да ги надмине САД како земја која е најтешко погодена од пандемијата.

Министерството за здравство на Индија, исто така, објави дека во последните 24 часа починале 1.133 лица со што вкупниот број на смртни случаи надмина 86.752.

Вкупниот број на заразени во Индија е над 5,4 милиони луѓе. Индија, сепак, има и најголем број на оздравени пациенти во светот, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Стапката на опоравување е околу 80 проценти, пренесува АП.

Над 60 проценти од активните случаи се концентрирани во пет од 28 индиски држави – Махараштра, Карнатака, Андра Прадеш, Тамил Наду и Утар Прадеш.

Владата на премиерот Нарендра Моди се соочи со остри критики за справување со пандемијата поради која над милион луѓе  останале без работа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Европската комисија одобри две вакцини против птичји грип

Италија сака да има активна улога во секој судски процес за пожарот во Кран-Монтана

Ирански демонстрант осуден на смрт само неколку дена по апсењето