Утрински Весник
Македонија

Во завршна фаза паркот во населбата 11 Октомври

Во завршна фаза паркот во населбата 11 Октомври

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата „Лазар Димитров“ и железничката пруга, позади бараките во населбата 11 Октомври.

Како што соопшти денеска Град Скопје, овој простор што е во непосредна близина на центарот на градот, со децении бил запуштен и се создавале голем број депонии со шут и отпад.

-Изминатиов период екипите на Град Скопје работеа на расчистување на просторот и рамнење на теренот, каде беше посадено нова трева, а во наредниот период следува и садење на планираното зеленило. На новиот парк, што е на површина од околу 16.000 квадратни метри, во текот на есенската акција за садење ќе се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки, соопштија градските власти.

Град Скопје соопшти дека ќе продолжи со уредување на местата кои претходно биле диви депонии сега да прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.бт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор