Утрински Весник
Македонија

(Во живо) „Оставка, оставка“ се скандира на протестот пред Владата, демонстрантите ја пробија оградата

Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата, каде трет ден по ред се протестира против францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.

Дел од нив се судрија со полицијата која постави коридон пред зградата на Владата, откако ја пробија заштитната ограда.

Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна, порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија