Утрински Весник
Свет

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската унија е постигната и ги повика сите што имаат можност да се вакцинираат за заштита на сопственото здравје и за заштита на другите.

„Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во Европската унија со најмалку една доза. Денес ја постигнавме таа цел и 57 проценти од возрасните се целосно вакцинирани“, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека треба да продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

„Делта варијантата е многу опасна. Затоа ги повикувам сите кои имаат можност да се вакцинираат. Заради заштита на сопственото здравје и заштита на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволно вакцини.

Можете да прочитате

Макрон и европските лидери разговарале со Трамп за напредок во Украина

Мерц: Не верувам дека критиките на Трамп за европската миграциска политика се однесуваат на Германија

Преговарачите на Трамп предлагаат план за мир и економско закрепнување на Украина